За МИРЦ

Проектот МИРЦ е основан со Одлука на претседателот на Здружението за македонско - шведско пријателство Битола - ЗМШПБ, Г-дин Владимир Јончевски, како програмска активност на Здружението. За прв проектен организатор беше назначен д-р Стефан Талев.

Заради автохтоната идеја и по иницијатива на членовите, истиот прерасна во независно Здружение на граѓани - МИРЦ Битола, кое беше регистрирано во централниот регистар на Mакедонија.

За прв претседател беше избран д-р Александар Богоевски. Здружението за македонско - шведско пријателство Битола - ЗМШПБ при сопственото укинување како свој правен наследник во медициските проекти го назначи ЗГ МИРЦ - Битола. со тоа, сите претходни медицински активности од двете споменати здруженија продолжија да функционираат во континуитет.

За актуелен претседател е избран Др. Стефан Талев.

За генерален секретар е назначен Г-дин Александар Корлевски.

за стратегиски менаџер е назначен Г-дин Зоран Петровски, Мр.Сци.

СТРАТЕГИСКА ЦЕЛ:

  • ЕТАБЛИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ И РАЗВОЕН ИНСТИТУТ.

Мисија

ГРАДЕЊЕ НА ИДНИ ГЕНЕРАЦИИ

Визија

НАЈДОБРИТЕ ЕВРОПСКИ ПРАКТИКИ И СТАНДАРДИ НЕПОСРЕДНО ДОСТАПНИ ЗА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ВО МАКЕДОНИЈА И ОВОЈ ЕВРО-РЕГИОН

 

адреса

Орде Чопела 20

7000 Битола

Северна Македонија

социјални мрежи

info@projectmirc.org
Copyright © 2021 MIRC Project
Website by pepo design