Шеф на катедра,
Центар за Очни Истражувања
Клиника за Офталмологија
Универзитетска Болница Осло и Универзитет во Осло
Норвешка
Окото, како најмал орган, претставува еден “златен рудник” за добивање на примарни и матични клетки за тераписки цели.
Трансплантација на ex vivo експандирани матични епителни клетки на рожница, како и епителни клетки диференцирани од ембрионални- и индуцирани плурипотентни матични клетки, се веќе реалност во клеточната терапија на пациенти со лимбална дефициенција. Покрај овие, стромални матични клетки од рожница, во комбинација со 3D printing технологијата, веќе се користат во трансланциони студии за третман на улкус на рожница. Фемтоласерската технологија ни овозможува да овие клетки се имплантираат со максимална прецизност и безбедност со користење на ламеларни хируршки зафати на рожницата.
Во задниот сегмент на окото, ретината е исто така подложна на дегенерациски и атрофиски промени во кои е потребна регенеративна терапија со примарни или матични (диференцирани од ембрионални- или индуцирани плурипотентни-) клетки како што е ретиналниот пигментен епител. Трансплантација на вакви клетки со користење на разноразни бионосачи на истите, во комбинација со минимално инвазивни процедури се во тек на клинички испитувања во повеќе центри. Алтернативни третмани за ткивно поврзување или регенерација на макулопатии, како третмани со тромбоцитно-збогатена плазма и трансплантација на ретина, рутински се изведуваат и покажуваат ветувачки резултати.
Иднината во офталмологијата е во регеративно-медицинските зафати и клеточната терапија со примарни или матични клетки и нивните деривати.
CURRICULUM VITAE:
https://projectmirc.org.mk/wp-content/uploads/2021/03/PETROVSKI_CV_26-02-2021-1.pdf

